• сабота, 06 јули 2024

Роналдо со рекордно учество на ЕП

Роналдо со рекордно учество на ЕП

Лисабон, 21 мај 2024 (МИА) - Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Роберто Мартинез го објави проширениот состав за претстојното Европско првенство во 2024 година.

Суперѕвездата Кристијано Роналдо е во тимот за континенталниот шампионат и покрај неговата поодмината фудбалска возраст. Роналдо има 39 години, но продолжува да постигнува голови во првенството на Саудиска Арабија за Ал-Наср.

Доколку забележи некоја минутажа на првенството, Роналдо ќе го собори сопствениот рекорд од шест настапи на ЕП. Своето деби го имаше на Евро 2004, кое се одржа во Португалија, а во 2016 година со португалскиот тим ја освои европската титула.

Португалија на ЕП 2024 е во група со Турција, Грузија и Чешка.

Составот на Португалија:

Голмани: Диого Коста (Порто), Жозе Са (Вулверхемптон), Руи Патрисио (Рома)

Одбрана: Антонио Силва (Бенфика), Данило Переира (ПСЖ), Диого Далот (Манчестер Јунајтед), Гонзало Инасио (Спортинг), Жоао Кансело (Барселона), Нелсон Семедо (Вулверхемптон), Нуно Мендеш (ПСЖ), Пепе (Порто), Рубен Дијаз (Манчестер Сити)

Играчи од средниот ред: Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Жоао Невеш (Бенфика), Жоао Палиња (Фулам), Отавио (Ал-Наср), Рубен Невеш (Ал-Хилал), Витиња (ПСЖ)

Напаѓачи: Бернардо Силва (Манчестер Сити), Кристијано Роналдо (Ал-Наср), Диого Жота (Ливерпул), Франциско Консеисао (Порто), Гонзало Рамос (ПСЖ), Жоао Феликс (Барселона), Педро Нето (Вулверхемптон) и Рафаел Леао (Милан). дс

Фото: Архва

Остани поврзан