• сабота, 06 јули 2024

Слот: Сакам навивачите да видат тим со многу енергија, наследувам тим со победничка култура

Слот: Сакам навивачите да видат тим со многу енергија, наследувам тим со победничка култура

Ливерпул, 5 јули 2024 (МИА) - Арне Слот ја даде својата прва прес-конференција како менаџер на Ливерпул.

На неа Холанѓанецот зборуваше за тоа какво е чувството да се наследи Јирген Клоп и кое е неговото главно барање за настап на тимот под негово водство.

Денеска тој ги започна подготовките за новата сезона со само осуммина од играчите на „црвените“.

-За нас е важно да се подобриме бидејќи можеме да очекуваме и други тимови да се подобрат. Ова е нашата цел. Ќе биде потребно извесно време да се сфати сето тоа. Ќе го искористам времето да го подготвам тимот што подобро за првиот натпревар. Помага ако го запознаете градот, но повеќе помага ако победувате на вашите натпревари. Една од причините зошто ми пријдоа е тоа што мојот стил не е многу различен. Сакаме навивачите да дојдат на стадионот и да видат тим со многу енергија. На тоа сум најмногу фокусиран, изјави Слот.

Сака да види добри фудбалери, а според него, не е толку важно дали се млади или стари.

-Сепак, секогаш е добро да имаш млади играчи во тимот. Тоа му дава енергија на клубот. Многу добро им оди. Ако продолжат да го прават тоа, ќе има шанса и да играат. Ги запознавам луѓето овде и играчите. Сум гледал многу натпревари и тренинзи, но играчите подобро ги запознаваш кога си со нив, истакна тренерот.

Додаде дека голем предизвик е да се наследи Клоп, но дека наследува „тим со победничка култура“.

-Една од причините зошто дојдов овде е затоа што навистина мислам дека имаме добар тим. Минатото покажува дека Ливерпул може да освојува трофеи. Сакам да победувам и со овој клуб имам можност да победувам, порача новиот менаџер на „црвените“. дс

Фото: Ливерпул

Остани поврзан