• петок, 22 ноември 2024

Белингем доби условна суспензија

Белингем доби условна суспензија

Дизелдорф, 5 јули 2024 (МИА) - Се изрекуваат казни за фудбалерите на ЕП во Германија, а последен санкциониран е суперѕвездата на англиската репрезентација Џуд Белингем на кого Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација му изрече условна суспензија од еден натпревар и го задолжи да уплати 30.000 евра во касата на УЕФА.

Сето тоа поради чин оквалификуван како „недолично однесување“ во осминафиналето против Словачка, кога по постигнувањето гол во тесно добиениот дуел, грубо гестикулираше во правец на трибините со противничките навивачи.

-Белингем е казнет поради прекршување на основните правила за пристојно однесување. Споменатата суспензија не се применува веднаш, туку за условен период од една година, почнувајќи од датумот на оваа одлука, се вели во соопштението на УЕФА.

Така, феноменалниот првотимец на Реал Мадрид има право да игра против Швајцарија во борбата за полуфиналето на ЕУРО 2024, на 6 јули во Дизелдорф (18.00 часот), што беше најголема грижа на „ стручниот штаб на „Гордиот Албион“. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан