• сабота, 06 јули 2024

Аталанта го објави трансферот на Заниоло

Аталанта го објави трансферот на Заниоло

Бергамо, 5 јули 2024 (МИА) - Аталанта го ангажираше играчот од средниот ред Николо Заниоло како позајмен од Галатасарај, официјално објави италијанскиот фудбалски клуб.

Тимот од бергамо ќе плати околу 6,4 милиони евра плус уште 2 во вид на бонуси за изнајмување за една година, а во договорот меѓу двата клуба постои опција зделката да стане трајна за 15,5 милиони евра.

Италијанскиот репрезентативец е во сопственост на турскиот гигант од зимата 2023 година, откако последната кампања ја мина како позајмен во Астон Вила. Тој забележа 39 натпревари и постигна три гола, но управата на тимот од Бирмингем не сакаше да го купи.

Офанзивниот играч беше клучен за доброто издание на тимот на Унаи Емери, кој заврши на четвртото место во Премиер лигата и се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига.

За репрезентацијата на Италија, 25-годишниот Заниоло има 19 натпревари со два гола. дс

Фото: Твитер/Аталанта

Остани поврзан