• сабота, 06 јули 2024

ПСЖ се вклучува во битката за Кимих

ПСЖ се вклучува во битката за Кимих

Париз, 5 јули 2024 (МИА) - Францускиот гигант ПСЖ покажува многу сериозен интерес за Џошуа Кимих од Баерн Минхен, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Парижаните се вклучија во битката на клубовите кои ќе се обидат да го привлечат во своите состави ова лето. 29-годишниот фудбалер се повеќе се поврзува со заминување од Баварците, а Барселона се сметаше за фаворит за негов потпис, но оттогаш се покажа дека Каталонците не можат финансиски да си го дозволат.

Од „Алијанц Арена“ ова лето најверојатно ќе се разделат со Кимих, бидејќи тој има само уште една година од договорот и се во опасност да го загубат без трансфер сума на крајот од сезоната.

Сериозен интерес за 29-годишниот фудбалер, кој може да игра на повеќе позиции, покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата.

Кимих е дел од тимот на Баерн Минхен од летото 2015 година, кога беше регрутиран од Штутгарт. Досега со баварскиот тим има 390 натпревари, а на нив има забележано 42 гола и 104 асистенции.

Во моментов е дел од германската репрезентација на Евро 2024 година. дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан