• понеделник, 01 јули 2024

Родри: Манчестер сити е посилен од Реал, тоа го докажавме на првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ

Родри: Манчестер сити е посилен од Реал, тоа го докажавме на првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ
Манчестер, 17 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри го сподели своето мислење за противникот во 1/8 финалето на Лигата на шампионите, тимот на Реал Мадрид. - Ништо не е завршено во нашата пресметка со Реал Мадрид, иако победивме во првиот натпревар. Манчестер сити е подобар, го докажавме тоа на првата средба. Треба да направиме уште еден чекор напред. Откако го совлада Реал Мадрид, кој успеа да ја освои Лигата на шампионите три пати по ред, што беше многу силно во Европа во последните години, Манчестер сити ја зголеми својата самодоверба. Резултатот на првиот дуел одигран во Мадрид беше 2:1 за Сити. Терминот за реваншот, поради пандемијата со коронавирусот, сè уште е непознат. зс/

Остани поврзан