• понеделник, 23 декември 2024

Венгер го критикуваше настапот на Англија против Словачка

Венгер го критикуваше настапот на Англија против Словачка

Лондон, 1 јули 2024 (МИА) - Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер реагираше на настапот на селекцијата на Англија во осминафиналето на Европското првенство против селекцијата на Словачка (2:1).

- Англичаните играа многу бавно и беа премногу предвидливи. На крајот, тие победија благодарение на индивидуалните квалитети на играчите, а не преку нивната тактика, изјави Венгер за „beIN Sports“.

По водството на Словачка преку Иван Шранц во 25. минута, Англичаните изедначија со прецизен удар на Џуд Белингем во 90+5. Минута. Во продолженијата Хари Кејн постигна гол (91. Минута) за конечни 2:1.

Англија во четвртфиналето ќе игра против Швајцарија. Натпреварот ќе се одигра на 6 јули во Диселдорф. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан