• петок, 22 ноември 2024

Харден потпиша двегодишно продолжување на договорот со Клиперси

Харден потпиша двегодишно продолжување на договорот со Клиперси

Лос Анџелес, 1 јули 2024 (МИА) – НБА-ѕвездата Џејмс Харден се согласи на продолжување на соработката со Лос Анџелс Клиперс.

Триесет и четиригодишниот Американец потпиша нов договор со тимот од Лос Анџелес до крајот на сезоната 2025/26, според кој ќе заработи 70 милиони долари.

Исто така, кошаркарот ќе има право да блокира каква било размена со негово учество до крајот на сезоната 2024/25.

Харден е во Клиперс од октомври 2023 година. 

Во сезоната 2023-2024, „Брадата“ учествуваше во 72 натпревара во регуларниот дел од сезоната во НБА, со просек од 16,6 поени, 8,5 асистенции и 5,1 скока по натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан