• понеделник, 23 декември 2024

Кевин Лав ќе го продолжи договорот со Мајами на две години

Кевин Лав ќе го продолжи договорот со Мајами на две години

Мајами, 1 јули 2024 (МИА) - Кевин Лав ќе продолжи да игра за Мајами, објави новинарот на Атлетик, Шамс Чаранија.

35-годишниот Американец ќе потпише нов договор со клубот на две години, според кој ќе заработи осум милиони долари.

Лав игра за Мајами од февруари 2023 година. 

Во сезоната 2023/24, кошаркарот одигра 55 натпревари во регуларниот дел од сезоната во НБА, со просек од 8,8 поени, 6,1 скока и 2,1 асистенции по натпревар. зс/

Фото. ЕПА

 

 

Остани поврзан