• понеделник, 29 април 2024

Пригодна свеченост по повод 100 години од раѓањето на Методи Митевски - Брицо, патрон на гимназијата во Делчево

Пригодна свеченост по повод 100 години од раѓањето на Методи Митевски - Брицо, патрон на гимназијата во Делчево

Делчево, 15 април 2024 (МИА) - Со пригодна свеченост, денеска делчевската гимназија го одбележа својот патронен празник и прослави 100- години од раѓањето на патронот, истакниот делчевски првоборец и организатор на НОБ, Методи Митевски-Брицо и 63 години од постоењето на делчевската гимназија. Одбележувањето на патронот започна пред споменикот на Брицо во школскиот двор, каде делегација од Општина Делчево, делегација од СОУ „М.М.Брицо“, како и делегации од институции од Делчево се поклонија и положија цвеќе. 

-Методија Митевски Брицо  е роден во Делчево на 15 април 1924 година, а загинува во водата на Охридското Езеро во 1962 г. Тој е првиот секретар на националниот комитет на Малеш и Пијанец, претседател на Штипската и Малешевската околија, секретар на околниот комитет на КПМ во Битола. Брицо зазема доста високи функции во владата на Македонија како секретар, а во 1960 год. е наименуван за државен секретар по земјоделие и шумарство, а истовремено и потпретседател на извршниот совет во Македонија и како член на Политбирото ЦК ЦКМ, и пратеник на Народното собрание на Македонија, беше кажан во пригодниот говор за патронот на училиштето.

Методи Митевски Брицо како што додаде градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој присуствуваше на настанот добивал и повеќе ордени.

-Најзначајни се: Орден за заслуги за народот од II ред и Орден братство и единстви од II ред. Брицо живеел 38 години од неговиот живот, но бил целосно посветен за Македонија. Тој несреќно загинува во водите на  Охридско Езеро. Честит патронен празник до сите вработени и ученици во СОУ „М.М.Брицо“, рече Трајковски.

Во чест на 100 години од раѓањето на Методи Митевски Брицо изминатата сабота се одржа Свечена академија со пригодна програма во изведба на ученицитге од гимназијата која го носи неговото име. вс/са/

Фото: МИА

Остани поврзан