• понеделник, 23 декември 2024

Младите од Делчево цртаа мурал со порака за почиста животна средина

Младите од Делчево цртаа мурал со порака за почиста животна средина

Делчево, 29 април 2024 (МИА) - Група  средношколци од Делчево денеска спроведоа акција за подигање на свеста за заштита на животната средина. Преку креативен активизам цртање мурал, тие ја пренесоа пораката против загадувањето, промовирајки чиста животна средина за сите граѓани на Општина Делчево.

Како што истакна активистот Зоран Биковски, акцијата ја спроведува Организацијата „Жена" од Делчево, во рамки на активноста на УСАИД за млади, кои активно создаваат можности и проектот Заедно за просперитетна заедница.

-Во акцијата се вклучени младите од дебатниот клуб и од Клубот на артивизам, Организацијата ,,Жена" и сите млади кои сакаат да испратат порака дека многу е важно да живееме во чиста животна средина и дека треба да се однесуваме со љубов кон животната средина, дека ние заедно живееме и твориме во оваа средина. Токму затоа, овие млади со нивниот артивизам, со нивниот уметнички израз, истакнуваат порака не само до општината, не само до институциите, дека сите треба да бидеме одговорни кон животната средина, рече Биковски.

Муралот се црташе на ѕидот на влезот на Делчево, а во иницијативата учествуваа над 20 средношколци, како и претставници на Младинскиот образовен форум (МОФ) од Скопје.

Панде Евтимов од МОФ истакна дека заедно со организацијата „Жена“ од Делчево сакаат да спроведат иницијатива акција за почиста животна средина.

-Ова е резултат на подолг процес за кој се спремаа младите членови од артивизам-клубовите од Делчево и ова е фактички целиот финален план на работа од се она што се случуваше во изминатиот период, рече Евтимов. 

Активноста е дел од проектот „Заедно за просперитетна заедница"  поддржан од Ромалитико. вс/хс/

Фото: МИА

Остани поврзан