• петок, 22 ноември 2024

За празниците во Дојран се очекува да престојуваат над 10 илјади туристи

За празниците во Дојран се очекува да престојуваат над 10 илјади туристи

Дојран, 29 април 2024 (МИА) - За првомајските и велигденските празници во Дојран се очекува да престојуваат над 10 илјади туристи, соопшти градоначалникот Анго Ангов.

Според него, се бара место повеќе и сите капацитети се исполнети.

-Сакам да истакнам дека не само за празниците, туку од лани и од почетокот на оваа година расте бројот на туристи кои го посетуваат Дојран надвор од летната сезона. Ние сме подготвени да ги пречекаме сите посетители и да им го понудиме нашето познато гостопримство, рече градоначалникот Ангов.

Додава дека се зголемува бројот на сместувачките капацитети со обновување на тие коишто не биле во функција подолго време, а се градат и нови со што туристичката понуда на Дојран се зголемува. рт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан