• недела, 29 септември 2024

Приведен крадец на велосипед во Скопје

Приведен крадец на велосипед во Скопје

Скопје, 21 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода вчера го лишиле од слобода Ф.М.(32) од Скопје.

Како што соопшти МВР, тој бил затекнат при извршување на разбојничка кражба на подрачјето на Кисела Вода, при што одзел велосипед.

-Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ф.М. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ќе поднесе соодветна пријава, информираат од МВР. дма/нд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан