• сабота, 23 ноември 2024

ВРЕДИ - Куманово: Албанците ги паметат црнилата на ДУИ

ВРЕДИ - Куманово: Албанците ги паметат црнилата на ДУИ

Скопје, 28 септември 2024

 


Недемократската унија за дезинтеграција (ДУИ) повеќе од две децении јакористи лагата и манипулацијата како своето најмоќно оружје за да го задржи владеењето. Одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанциод своите огништа.

ДУИ 22 години беше на власт, но сè уште се однесува како да не сносиодговорност за пропаднатите генерации. Благодарение на оваа партија,албанските деца во Велес не знаат да пишуваат и читаат на својот мајчин јазик.
Во исто време, тие му доделија државјанство на санкционираниот украински политичар Александар Онишченко, додека илјадници Албанци, родени во Северна Македонија, и понатаму се без државјанство. ДУИ е исто така одговорна за обидот на црногорскиот проруско санкциониран политичар Дака Давидовиќ да воспостави „пашалук“ со своите бизниси во Тетово.

Не забораваме дека оваа партија беше креатор и промотор на проектот „Отворен Балкан“ заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ, ставајќи ги интересите на Албанците на маргините. Истите луѓе, преку министерот Бујар Османи, го донесоа Сергеј Лавров во Скопје и го понижија Косово со планот од 9 точки. Овие предавнички потези не смеат да се заборават.

Пропагандата на ДУИ ја премина секоја граница, но граѓаните на изборите јасно порачаа дека е време за промени. Им дадоа заслужена казна на оваа корумпирана партија, која го залажуваше народот со години.

ВРЕДИ останува посветен на борбата за иднина која ќе биде праведна, транспарентна и ослободена од манипулации и мрачни договори. Ние нудиме надеж и решенија, не празни ветувања.

ВРЕДИ - Куманово

Фото: МИА архива

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан