• недела, 22 декември 2024

Во Крива Паланка се одржа меѓународен турнир во забрзан шах

Во Крива Паланка се одржа меѓународен турнир во забрзан шах

Крива Паланка, 28 септември 2024 (МИА) - Во организација на шаховскиот клуб „Тим Анпасан" денеска во средното општинско училиште „Ѓорче Петров" во Крива Паланка се одржа турнир во забрзан шах за деца до 18 години.

На турнирот учествуваа 54 деца од Струмица, Гевгелија, Битола, Куманово, Скопје, Свети Николе, Гостивар и Крива Паланка, како и соседна Бугарија.

- Целта е развој на шахот во градот, кај најмладите да се разбуди духот, желбата за шах, како и во училиштата и низ целата држава, со желба да се воведе шах како изборен предмет во основното образование, информира Даниел Ангеловски од ШК „Тим Анпасан", Крива Паланка.

Најуспешни на денешниот турнир беа Радоњанин Никола кој заврши третопласиран, второто место го освои Андреј Неделковски, а шампион на турнирот е Кирил Николовски.

Организатори на турнирот се: Даниел Ангеловски, Оливер Дејановски, Никола Стевановски и Георги Павлов, судија на турнирот беше Владимир Павлов, а почесен гостин беше Агим Шемшиу, потпретседател на шаховската федерација на Македонија.

Од организацискиот одбор упатија благодарност до СОУ „Ѓорче Петров", градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и до поддржувачите и општествено одговорната компанија „Катил Холдинг".

Шаховскиот клуб „Тим Анпасан" веќе втора година активно работи со млади од Крива Паланка кои полека но сигурно се обучуваат за шаховска игра, спремни да настапуваат на локални, регионални и национални натпревари,а денес успешно се претставија и на меѓународниот турнир што во иднина се планира да прерасне во традиционален. ид/цр


Фото : ШК "Тим Анпасан"

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан