• четврток, 09 април 2026

Мицкоски: Изградбата на автопатите согласно планираното, Кичево-Охрид ќе се заврши со домашно финансирање 

Мицкоски: Изградбата на автопатите согласно планираното, Кичево-Охрид ќе се заврши со домашно финансирање 

Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од динамиката на изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и на Коридорт 10Д и најавува дека со обезбеденото финансирање од домашните банки за заокружување на автопатот Кичево-Охрид оваа делница ќе стане функционална.  

- Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала потешкотија морам да признаам посебно во делот на обезбедување средства за довршување на делницата Кичево-Охрид  затоа што  заемот од кинеската „Ексим банка“ повеќе не го добиваме, престана, но бргу се реорганизиравме. Тој проблем е надминат, формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително поволни услови и тие практично ќе го дозавршат финансирањето. Тоа ќе биде последно и со тоа конечно таа делница ќе биде функционална, рече Мицкоски на новинарско прашање при посетата на Струга.

Исто така, дополни премиерот, напредува и делницата Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани, а  предаден е и извештајот до заемодавателите за делницата Букојчани, приклучок Кичево, на автопатската делница Кичево-Охрид. Во тој дел сум исклучително задоволен. Исто така, прилично солидно напредува и реализацијата на делницата Прилеп-Битола која е дел од Коридор 10Д, изјави Мицкоски.лв/вг/

фото: МИА  

 

 

Остани поврзан