• петок, 22 ноември 2024

Унгарија со план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија, за Орбан земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава

Унгарија со план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија, за Орбан земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава

Скопје, 27 октомври 2024 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојуваше во официјална посета на државава, вчера од Охрид порача дека Унгарија има план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, по меѓувладината седница, тој нагласи дека земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава и оти Унгарија е подготвена да го искористи Претседателството со ЕУ и да посредува во прашањето со Бугарија. Според премиерот Мицкоски, пак, не смееме да губиме надеж и да се разочаруваме, нагласувајќи дека е добро што „имаме пријатели во ЕУ, кои што сакаат да го шират нашиот глас во рамките на Унијата“. 

Одвојувањето од Албанија, Орбан го оцени како голема грешка и порача дека земјава до крајот на годината мора да ги започнете преговорите за зачленување во ЕУ.

-Северна Македонија е кандидат за членство од 2005 година и заедно со Хрватска во 2008 година доби позитивно мислење. Хрватска веќе е членка на ЕУ, а со Северна Македонија уште не се започнати преговорите за зачленување. Ова е огромна грешка од страна на ЕУ, што би ја карактеризирал како историска и сега може да се стави на квадрат, бидејќи Северна Македонија ќе биде ставена зад Алабанија, за што не гледам никакви причини, изјави вчера во Охрид Орбан.

Моментално, како што посочи Орбан, навистина изгледа дека придвижување на Северна Македонија е можно „ако на некој начин да се спогоди со Бугарија“. 

- Јас за тоа имам свој предлог и го пренесов на премиерот. Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник. Тоа е нивна работа, но ние сме подготвени и сакаме да работиме на тоа да се најде решение, такво какво што одговара и на Македонија и на Бугарија. Но, тоа е работа на страните кои се во судир, ние сме тука да им помогнеме, изјави Орбан, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата со Мицкоски. 

Kryeministri Hristijan Mickoski sot në mëngjes realizoi takimin me kryeministrin hungarez Viktor Orban, i cili dje mbërriti për vizitë zyrtare në vend. 

Во однос на одвојувањето од Албанија, Орбан рече дека „тешко е тоа да се разбере од една нација постојано да ги залажуваат со започнување преговори за членство, а потоа сите оние држави со кои заедно тргнаа во овој процес напредуваат, а нив ги држат во позадина“. 

- Уште еднаш сакам да нагласам дека националната гордост е најважна за една нација и ЕУ мора да ја има предвид националната гордост на сите држави. А, ова што се случува, тоа е повредување на националната гордост на граѓаните на Северна Македонија и тоа во изминатите десет години постојано се случува, изјави Орбан.

Ако гледаме искрено, посочи Орбан, вие одамна требало да сте членка на ЕУ и ваквиот однос на ЕУ на секој начин прави рани. 

- Наше мислење е дека треба да градиме пријателства, а не да задаваме рани на душата на една нација и затоа според мене е голема грешка што Вие се уште не се членка на ЕУ и исто така е голема грешка што ве одвојуваат од една друга држава што забрзано ја форсираат. Затоа единствено решение за тоа Вие до крајот на годината мора да ги започнете преговорите за зачленување во ЕУ, порача Орбан.

Најважната тема на вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски, посочи Орбан, било зачленување на Македонија во ЕУ и Унгарија како претседавач на ЕУ.

-Ставот на Унгарија е добро познат. Многу е важно стабилноста на Западен Балкан и интеграцијата во ЕУ. Зачленување на една држава не е проблем и предизвик, туку една огромна можност. За сите држави кои се веќе членки на ЕУ, така и за Унгарија. Сите видовме дека со зачленување сите добивме многу напредок, но ЕУ во меѓувреме ја загуби динамиката и затоа мора да обезбедиме проширување и тоа е најдобар начин, изјави Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска пред медиумите во Охрид истакна дека Унгарија ќе биде на страната на силен претседател на САД, кој ќе биде во служба на мирот во светот.

Според Орбан, мора да го имаме геополитичкиот фактор, но и оти мора да се почитуваат и државите кои долги години работата на зачленување на ЕУ се ставени во втор план. 

- Тоа не е чесно од нашата страна. И затоа како претседавачи на ЕУ сметаме дека е многу важно да се одржи на дневен ред зачленување на Западен Балкан во ЕУ и согласно тоа би сакале да се забрза процесот на зачленување на Северна Македонија во ЕУ. Подготвени сме да се одржи меѓувладина седница, а ако не ќе одиме на билатерално, изјави Орбан, додавајќи дека народите од Западен Балкан, порача Орбан заслужуваат многу повеќе и одамна требало да бидат членки на ЕУ.

Според премиерот Мицкоски, ние не смееме да губиме надеж и да се разочаруваме, нагласувајќи дека е добро што „имаме пријатели во ЕУ, кои што сакаат да го шират нашиот глас во рамките на ЕУ“. 

-Жалам што тоа се случува и ние повторно мора да бидеме жртва на билатерализација, а не на исполнување на Копенхагенските критериуми. Но, ние ќе продолжиме да работиме напорно и да ги решаваме проблемите дома, порача Мицкоски.

Премиерот Мицкоски изрази уверување дека со поддршката на Унгарија и другите наши сојузници Балканот ќе го заземе своето заслужено место во ЕУ, изјави Мицкоски. 

Претходно премиерите Мицкоски и Орбан одржаа тет-а-тет средба, по што имаше и заедничка меѓувладина седница. 

Иако Бугарија е ја очекуваат предвремени парламентарни избори на 11 јули, властите во земјава сепак се надеваат дека може да се најде решение за разликите и со привремената Влада во Софија со

Во средата Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“. Со спроведувањето на ваквата одлука Албанија ќе премине во следната фаза од преговарачкиот процес, со што практично би се раздвоила од Северна Македонија на патот кон членство во ЕУ, иако досега двете земји се движеа во пакет во пристапниот процес.  

Советот на ЕУ во јули 2022 година донесе одлука во пакет за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија, по што двете земји го спроведоа скрининг процесот. Но, по завршувањето на скринингот Албанија беше блокирана за преминување кон следната фаза од преговарачкиот процес од страна на Грција, поради приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, инаку етнички Грк, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите во мај 2023 година. Белери, сепак победи на изборите за градоначалник, а во меѓу време беше избран и за европратеник од Грција на изборите во јуни годинава, по што беше ослободен од притвор за да може да го заземе своето место во Европскиот парламент.  

Кога станува збор, пак, за земјава, согласно Преговарачката рамка усвоена во јули 2022 година, таа ќе премине во следната фаза на преговорите, по усвојувањето на уставните измени со кои во Уставот заедно со другите делови од народи, би биле споменати и припадниците на бугарскиот народ.  

Во заклучоците од последните самити на ЕУ во делот за земјава се посочува дека „Европската унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, веднаш штом таа согласно нејзините внатрешни процедури ја спроведе својата заложба да ги изврши уставните измени наведени во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година. Европскиот совет ја повикува Северна Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени“.  

Новите македонски власти ја промовираа идејата за излез од ќор-сокакот во кој се најде земјава на европскиот пат со т.н. „француски предлог плус“, кој предвидува одложено дејство на уставните измени, односно нивно усвојување пред официјалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ по поглавја, но тие да стапат во сила на крајот од преговарачкиот процес. нд/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан