• четврток, 20 јуни 2024

Приведени разбојници во Радовиш

Приведени разбојници во Радовиш

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера ги привеле С.Р. од Република Хрватска и А.К. од Радовиш.

Како што информираат од МВР, тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото.

Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.ад/са/

Фото: МИА

Остани поврзан