• вторник, 16 јули 2024

Без струја утре делови од Ѓорче Петров, Бутел и Илинден

Без струја утре делови од Ѓорче Петров, Бутел и Илинден

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) – Без струја утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Бутел и Илинден.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во периодот од 9 до 12 часот во Ѓорче Петров струја ќе немаат корисниците од село Волково дел од улица 102, куќите кон патот за село Орман.

Во Бутел, струја ќе нема од 9 до 11 часот на дел од улица „Радишанска“ лево, улица „Бел Камен“. 

Корисниците од дел од село Мршeвци во Општина Илинден струја ќе немаат од 9 до 15 часот. ар/нд/

Остани поврзан