• четврток, 27 јуни 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Денеска околу 12 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР - Скопје на улицата „Качанички пат“, на територија на општина Бутел, го лишија од слобода А.Ш. (49) од главниот град на државава, кој бил баран со потерница по наредба од скопскиот Основен кривичен суд за затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено - поправна установа.

Синоќа во 22 часот во СВР - Скопје, Б.Б.(66) од главниот град на државава, пријавил дека околу 21 часот пред угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 20.30 часот во СВР - Скопје, Р.И.(24) од главниот град на државава, пријавил дека на 1 јуни, пред спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар, поради нерасчистени имотно-правни односи, тој и Ј.О. биле физички нападнати од Х.П.(21), сограѓанин.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 11.15 часот во Полициската станица - Бит Пазар, С.Д.(65) од Скопје пријавила дека на ова подрачје, едно лице ѝ одзело личен накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 21.30 часот во СВР - Скопје било пријавено дека била пронајдена С.Џ.(16), за која на 14 јуни, нејзината старателка Ш.Д.(54) од главниот град на државава, пријави дека се оддалечила од домот.

Вчера во 14.30 часот во СВР - Скопје, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Ч.С.(17), кој и порано се оддалечувал и бил враќан.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 15.45 часот во СВР - Скопје, Љ.Џ.(36) од главниот град на државава, овластено лице на приватна фирма, пријавил дека две лица од Непал, кои биле вработени во фирмата, се оддалечиле од хотелот каде престојувале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Вчера во 14 часот во СВР - Скопје, М.Н.(41) од главниот град на државава, сопственик на правен субјект од градот, пријавил дека пет лица од Непал, кои биле вработени кај него, се оддалечиле од подрачјето на општина Аеродром.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

ОВР - Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Б.(43) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“.

На 15 јуни, по претходна вербална расправија со неговите деца, од кои едното малолетно, пријавениот физички ги нападнал и им нанел повреди.

СВР - Велес поднесе кривична пријава против М.А.(27) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено едно кривично дело „загрозување на сигурноста“, две кривични дела „предизвикување општа опасност“ и две кривични дела „неизвршување на судска одлука“.

Пријавениот, во повеќе наврати упатил закани на неговите родители, а по изречена мерка „забрана да се приближува на растојание на 100 метри до домот“ од Основен суд - Неготино, во два наврата ја прекршил, а кога отишол во нивниот дом, предизвикал пожар.

СВР - Охрид поднесе кривична пријава против Р.А.(25) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 26.10.2023 во близина на село Извор, кичевско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и уште едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана.  

ОВР - Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Џ.(35) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштење во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекузори“.

На 23.02.2024 на улицата „Панче Попоски“ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и дробилка.

СВР - Велес поднесе кривична пријава против О.Ѓ.(44) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 15.03.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи - Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(34) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 04.06.2024, при претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени лажни дипломи и компјутер со фајлови за изработка на фалсификувани дипломи.

ОВР - Гостивар поднесе кривична пријава против Н.С.(34) и Ј.А.(33), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“.

Во текот на февруари 2024, во атар од селото Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, без да поседуваат соодветна дозвола издадена од надлежен орган, пријавените извршувале градежни работи на објект. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан