• четврток, 27 јуни 2024

Приведен бегалец од КПУ Идризово

Приведен бегалец од КПУ Идризово

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници денеска привеле скопјанец, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд, поради бегство од КПУ Идризово.

-Полициски службеници од ПС Центар денеска во Скопје го лишиле од слобода скопјанецот А.С. (26), кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд, поради бегство од КПУ Идризово. А.С. бил осуден на казна затвор од пет години и осум месеци по чл.236 од КЗ. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, соопшти МВР. дма/

Форо:МИА архива

Остани поврзан