• четврток, 27 јуни 2024

Приведен крадец од Скопје, украденото ќе биде вратено на сопственичката

Приведен крадец од Скопје, украденото ќе биде вратено на сопственичката

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Дваесет и шестгодишен скопјанец е приведен, бидејќи денеска во централното градско подрачје, со употреба на физичка сила одзел златен ланец од К.А. (55) од Скопје.

- Денеска околу 11.30 часот, во Скопје, во централното градско подрачје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (26) од Скопје, кој околу 11.10 часот, исто така во централното градско подрачје, со употреба на физичка сила одзел златен ланец од К.А. (55) од Скопје. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки од полициските службеници и А.С. е лишен од слобода и против него ќе следуваа соодветна кривична пријава, а златниот ланец е пронајден и ќе биде вратен на оштетената, соопшти МВР. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан