Претседателот на Кипар ќе ги информира лидерите на земјите-членки на ЕУ за неформалната трилатерална средба во Њујорк
- Претседателот на Кипар Никос Христодулидис за време на учеството на Европскиот совет во Брисел ќе ги информира неговите колеги од земјите-членки на Унијата за неформалната трилатерална средба во Њујорк со лидерот на кипарските Турци и генералниот секретар на ОН, соопшти портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 17 октомври 2024 (МИА) – Претседателот на Кипар Никос Христодулидис за време на учеството на Европскиот совет во Брисел ќе ги информира неговите колеги од земјите-членки на Унијата за неформалната трилатерална средба во Њујорк со лидерот на кипарските Турци и генералниот секретар на ОН, соопшти портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис, јави дописничката на МИА од Атина.
Во писмената изјава, Летибиотис рече дека Христодулидис ќе ги информира европските лидери „за исходот од заедничката средба и за претстојното свикување на состанок во проширен состав, во рамките на истражување на изгледите за продолжување на преговорите“.
Дополнително, кипарскиот претседател ќе ги информира и членовите на Европската народна партија на денешниот состанок.
Во вторникот вечерта во седиштетот на Обединетите нации во Њујорк, на иницијатива на генералниот секретар Антониот Гутереш се одржа неформална вечера на која присуствуваа лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци, кои се согласиле да продолжат неформалните средби, но во проширен состав, како и да одржат средба на Кипар за да ја разгледаат можноста за отворање нови премини. ср/сд/