Кремљ ја оцени изјавата на Руте за Русија како „неодговорна“
- Кремљ денеска ја нарече изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, со која се повикува Алијансата да се подготви за војна со Русија „неодговорна“.
Москва, 14 декември 2025 (МИА) - Кремљ денеска ја нарече изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, со која се повикува Алијансата да се подготви за војна со Русија „неодговорна“.
Руте во говорот во Берлин во четвртокот рече дека НАТО треба да биде „подготвена за војната на минатите генерации“ и дека земјите од Алијансата би можеле да бидат „следната цел на Русија“.
Реагирајќи на изјавата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека таа доаѓа „од генерација која заборавила каква била всушност Втората светска војна“ и додаде дека Руте не знаел за што зборува.
Русија редовно ги отфрла обвинувањата од НАТО и неколку европски лидери дека Москва подготвува напад врз земја-членка на Алијансата, сметајќи ги таквите тврдења за „глупости“ и насочени кон поттикнување антируски чувства во Европа. мс/
фото: ЕПА