Претрес во Скопје, приведен дилер, пронајдена дрога
- Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, синоќа во 20:30 часот го лишиле од слобода Т.Б.(40) од Скопје.

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, синоќа во 20:30 часот го лишиле од слобода Т.Б.(40) од Скопје.
При претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром извршен со судска наредба, како што соопшти денеска МВР, биле пронајдени и одземени дигитална вага и марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/цр
Фото: МИА архива