• сабота, 23 ноември 2024

Полов напад и уцена со компромитирачки фотографии и снимки во Битола

Полов напад и уцена со компромитирачки фотографии и снимки во Битола

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело „полов напад и силување“ од член 186 став 4 во врска со став 1, како и „уцена“ предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик.

-Во периодот од декември 2023 до март 2024 година, спротивно на јасно изразената волја на оштетената 18-годишна девојка, тој ја наведувал на полови дејствија без нејзина согласност со сериозна закана дека ќе открие нешто што би и наштетило на нејзината чест и углед, соопшти Јавното обвинителство.

Преку профил на социјална мрежа, како што е наведено во соопштението, тој комуницирал со жртвата, користел нејзини интимни фотографии и се заканувал дека ќе ги сподели и ќе ги направи јавно достапни, наведувајќи ја на сексуални односи и на други полови дејствија спротивно на нејзина волја доколку сака да ја спречи објавата на фотографиите.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола доставил и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена. дма/ац/

Фото:МИА архива

Остани поврзан