• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерот Тошковски со јапонскиот амбасадор Казуја

Средба на министерот Тошковски со јапонскиот амбасадор Казуја

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја, на која се заблагодарил за поддршката што Јапонија ја дава на нашата земја, посебно во сферата на образованието, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Министерот ги истакнал моменталните предизвици со кои се справуваме посебно со големите пожари кои ја зафатија нашата држава и ги образложи плановите за реформи кои се планираат во системот за менаџирање на кризи. Во таа насока било потенцирана заложбата за потпишување на Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи во областа на безбедноста со цел реализација на стратешките приоритети на Владата за одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупција.

Амбасадорот Казуја ја потенцирал поддршката што Јапонија ја дава на нашата земја преку „Гранд помош на мали проекти за човекова безбедност“ што јапонската држава ги обезбедува во разни области за унапредување на земјите во развој. Амбасадорот истакнал дека Јапонија ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во исполнување на критериумите и забрзување на евроинтеграциите и нашиот пат кон ЕУ. дма/нд/

Фото: МВР

Остани поврзан