Поради уличен дефект без вода дел од Скопје
- Како што појаснија, водоснабдувањето било прекинато од 14 часот, а ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.
Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Поради уличен дефект на булевар „Александар Македонски“, со прекинато водоснабдување се дел од корисниците од булеварот, како и од „Јани Лукровски“, „Трифун Хаџијанев“, „Лазар Поптрајков“,„Бапчор“ и „16-та Македонска Бригада“ - ниска зона, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што појаснија, водоснабдувањето било прекинато од 14 часот, а ќе трае до завршување на санацијата на дефектот. бд/дма/
Фото: МИА архива