Без вода дел од булеварот „Јане Сандански“
- Поради уличен дефект на бул.„Јане Сандански“ бр.79 во општина Аеродром, вечерва од 20:30 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците од бул.„Јане Сандански“ од бр.67 до бр.109.
Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Поради уличен дефект на бул.„Јане Сандански“ бр.79 во општина Аеродром, вечерва од 20:30 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците од бул.„Јане Сандански“ од бр.67 до бр.109.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.