• петок, 05 декември 2025

Американската амбасадорка Агелер во посета на Дебар

Американската амбасадорка Агелер во посета на Дебар

Дебар, 4 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава Анџела Агелер, што е прва официјална посета на странски дипломат  во новиот мандат на градоначалникот Мела, објави Општина Дебар на официјалната страна на Фејсбук.

Се додава дека посетата на амбасадорката претставува значаен чекор кон „унапредување и зајакнување на соработката помеѓу Општина Дебар и институциите на САД, кои делуваат во државата".

-Градоначалникот Меља ги претстави приоритетните проекти на општината, со посебен акцент на локалниот економски развој, инфраструктурните инвестиции, промоцијата на туризмот, како и иницијативите за подобрување на квалитетот и ефикасноста на јавните услуги. Тој ја истакна важноста на меѓународната поддршка во развојните процеси и го нагласи значителниот потенцијал што Дебар го нуди во повеќе области, нагласуваат од општината.

Амбасадорката Агелер изразила висока оценка за визијата на општината и за нејзината силна посветеност во унапредувањето на проектите што директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните. 

-Таа ја потенцираше подготвеноста на Амбасадата на САД  да ги поддржи иницијативите насочени кон зајакнување на локалните институции и одржливиот развој. Средбата заврши со заедничка определба за продолжување на соработката и за истражување на нови можности за партнерство во области од заеднички интерес, посочуваат од Општина Дебар. вт/дма/


Фото: Општина Дебар

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан