• петок, 05 декември 2025

Во битолскиот театар вечерва изведен уметнички перформанс „Слово Љубве“

Во битолскиот театар вечерва изведен уметнички перформанс „Слово Љубве“

Битола, 4 декември 2025 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, вечерва во Битола со уметничкиот перформанс „Слово Љубве“ ги завршија манифестациите од Државната програма за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Пред аудиториумот во Битола, Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, истакна дека со вечерашниот настан истовемено почна одбележувањето на патрониот празник на Универзитетот во овој град.

-Оваа година во рамки на државната програма одбележуваме голем јубилеј, 80. години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Осум децении организирано научно и творечко негување на јазикот по кој се препознаваме меѓу народите. Не е случајно што токму универзитетот кој го носи името на Свети Климент е домаќин на завршната манифестација во чест на овој јубилеј. Вечерва славиме со уметничката претстава „Слово Љубве“ и се радувам што ова се случува како плод на заедничка соработка меѓу УКЛО и Гимназијата „Јосип Броз Тито“. На овој начин градиме мост меѓу генерациите од средношколските клупи до студентските амфитеатри. Овој мост е најдобриот одговор на прашањето каква иднина сакаме. Иднина во која младите луѓе ќе растат со почит кон својот јазик и култура, но и со интеграција во Европаи отвореност во светот, нагласи ректорот Неделковски.

Режисер на уметничкиот перформанс „Слобо Љубве“ е ученичката Веда Мавровска, а го изведоа ученици членови на драмската група „Анима 4“. мт/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан