• понеделник, 15 декември 2025

Повеќе од 50 уапсени во акција против трговија со дрога меѓу Италија и Албанија

Повеќе од 50 уапсени во акција против трговија со дрога меѓу Италија и Албанија

Рим, 21 мај 2025 (МИА) – Италијанските и албанските власти уапсија 52 лица во координирана операција насочена против трговија со кокаин и хероин меѓу Балканот, Северна Европа и јужниот италијански регион Пуља, јави новинската агенција Анса.

Полицијата во денешната акција запленила имот вреден милиони евра, а осомничените се соочуваат со обвиненија за меѓународна трговија со дрога, перење пари и злоупотреба на службена положба, се вели во извештајот.

Операцијата била предводена од италијанската антимафијашка и антитерористичка полиција во соработка со Агенцијата на Европската унија за соработка во областа на кривичната правда (Еуроџаст).

Како што пренесе ДПА, Интерпол исто така учествувал во прекуграничната акција. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан