• сабота, 20 јули 2024

Повеќе од 200 пожари во Русија

Повеќе од 200 пожари во Русија

Mосква, 18 јули 2024 (МИА) - Руската Федерална агенција за управување со шуми денеска соопшти дека во таа земја избувнале 222 пожари во 20 региони, а во Јакутија и во Забајкалската област е прогласена вонредна состојба.

Како што се наведува, околу 5.000 припадници на противпожарната служба се на терен.

Во Јакутија, локалните медиуми објавија дека пожарот зафатил повеќе од 930 хектари земјиште на 10 километри од Бела Гора, село во кое живеат околу 2.000 жители. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан