• недела, 21 јули 2024

ИДФ: Околу 45 ракети за еден час се истрелани од Либан кон северен Израел

ИДФ: Околу 45 ракети за еден час се истрелани од Либан кон северен Израел

Тел Авив, 20 јули 2024 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) соопшти дека околу 45 ракети се лансирани за еден час попладнево од Либан кон северот на Израел.

Првиот бараж од околу 30 ракети бил истрелан на Голанската висорамнина, а според ИДФ, некои од ракетите биле пресретнати, додека други погодиле отворени области, пишува „Тајмс оф Израел“.

Некои од проектилите предизвикаа пожари, а Хезболах ја презеде одговорноста за нападот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан