• недела, 22 декември 2024

Државниот секретар на Ватикан, Паролин во посета на Украина

Државниот секретар на Ватикан, Паролин во посета на Украина

Киев, 20 јули 2024 (МИА) - Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин е во посета на Украина, каде ќе разговара со украинските претставници и ќе ја пренесе поддршката на папата Франциск за постигнување мир во Украина.

Кардиналот утре ќе се сретне со претседателот на Украина Володимир Зеленски и со други претставници на украинските власти.

„Верувам дека ќе разговараме за мир, за тоа какви се можните перспективи за мир“, рекол кардиналот Паролин, пренесува Укринформ. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан