Фон дер Лајен: Европа ќе продолжи да го поддржува територијалниот интегритет на Кипар
- Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска, по повод 50-годишнината од турската инвазија на Кипар, изјави дека Европа ќе продолжи да го поддржува Кипар во неговите напори за повторно обединување на поделената држава.
Никозија, 20 јули 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска, по повод 50-годишнината од турската инвазија на Кипар, изјави дека Европа ќе продолжи да го поддржува Кипар во неговите напори за повторно обединување на поделената држава.
„Денес, на оваа трагична 50-годишнина, како и секој ден, стоиме покрај Кипар. Ние го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет. Кипарците заслужуваат да живеат во обединета земја во услови на мир, соживот, стабилност и просперитет. Кипарското прашање е европско. Ќе продолжиме силно да го поддржуваме Кипар во неговите напори за повторно обединување на последната поделена земја-членка на ЕУ, во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН“, напиша Фон дер Лајен на Икс.
Во Кипар денеска се одбележува 50-годишнината од турската инвазија на тој остров. рп/
Фото: МИА архива