• сабота, 21 декември 2024

Едно лице загина, а 17 се повредени во верижен судар во Италија

Едно лице загина, а 17 се повредени во верижен судар во Италија

Рим, 20 јули 2024 (МИА) - Едно лице загина денеска, а 17 се повредени во судир на повеќе возила на автопатот меѓу италијанските градови Падова и Венеција.

Поради несреќата автопатот бил затворен до 16 часот, а коловозните ленти постепено се отвораат, пренесува весникот „Кориере дел Венето“.

Во судирот учествувале осум возила, а точната причина за несреќата допрва ќе се утврдува. Патот за Трст е отворен, додека патот кон Милано е делумно блокиран, а колоните возила достигнаа и до десет километри . рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан