• сабота, 21 декември 2024

Шпанска цивилна гарда: Тројца проруски хакери уапсени поради кибер напад

Шпанска цивилна гарда: Тројца проруски хакери уапсени поради кибер напад

Мадрид, 20 јули 2024 (МИА) - Шпанската цивилна гарда соопшти дека се уапсени тројца „проруски“ хакери, бидејќи, наводно, во терористички цели извршиле кибер напади врз веб-страниците на јавните институции и стратешките сектори во Шпанија и други земји од НАТО.

„Кибер напади, наводно, биле извршени на веб-страниците на јавните и приватните организации, владиниот сектор, критичната инфраструктура и основните јавни услуги во земјите кои ја поддржуваат Украина во нејзината војна со Русија“, се вели во соопштението.

Не е наведено дали тројцата осомничени се обвинети. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан