• четврток, 19 декември 2024

Папата Франциск во петок ќе се сретне со украинскиот претседател Зеленски

Папата Франциск во петок ќе се сретне со украинскиот претседател Зеленски

Ватикан, 9 октомври 2024 (МИА) - Папата Франциск во петок ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавија странските агенции, повикувајќи се на соопштение од Ватикан.

Светиот Отец и Зеленски последен пат имаа средба за време на годинашниот самит на Групата седум најразвиени економии (Г-7), што се одржа летово во јужна Италија. Двајцата се сретнаа и во Ватикан во декември 2023 година.

Се очекува Зеленски да разговара и со италијанската премиерка Џорџа Мелони за време на неговиот престој во Рим подоцна оваа недела.

Во март, папата Франциск рече дека Украина мора „да има храброст да развее бело знаме“ и да преговара за крај на војната со Русија, која започна по целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година.

Зеленски го отфрли повикот на Папата за мировни преговори со Русија, нарекувајќи го „виртуелно посредување“ од далечина. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан