• понеделник, 13 мај 2024

Отворање на изложбата на Игор Станоески во МКЦ

Отворање на изложбата на Игор Станоески во МКЦ

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) - Во Галеријата МКЦ вечер ќе биде отворена изложбата „Кризата Игра“ на Игор Станоески.

Како што информираат од МКЦ, изложбата претставува внатрешно патување низ дефектите на сегашноста. Кризата како персонификација на механиката на хаосот, наспроти хармонична светлина. Струја за програмирање на колективот и истовремено алатка за кршење на индувидуализмот. Патот низ кризата е синтетизирано трансформиран во игра за оние кои успеваат да ја преживеат.

Игор Станоески a.k.a ИГИ МАН е мултимедијален автор, музичар, композитор-аранжер, текстописец, академски скулптор и продуцент. Роден е на 02.07.1986 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за Ликовни уметности – Скопје, на отсекот вајарство во класата на Жарко Башески во 2013 година. По дипломирањето работи паралелно на уметнички истражувања во насока на спојување на класичните медиуми во мултимедијална целина која опфаќа звук (музика), форма (скулптура), цртеж и боја. Првите интернационални референци ги добива во сферата на музиката и аудио-визуелните проекти, меѓутоа подоцна акцентот на неговото творештво се доближува кон традиционалните ликовни медиуми како сликарството и вајарството низ повеќе самостојни и групни изложби во земјава и надвор. Во 2017 година го официјализира своето творештво отворајќи ја фирмата „Креативна работилница ИГИМЕН“ со дејности, создавање и издавање на аудио записи и креирање на уметничко творештво.

Станоески досега има изложувано во повеќето галериски простори низ земјава, како и надвор од државата.фф/мд/

Фото: МКЦ

Остани поврзан