• понеделник, 23 декември 2024

Тркалезна маса за криминалистички истраги за еколошки кривични дела

Тркалезна маса за криминалистички истраги за еколошки кривични дела

Скопје, 13 мај 2024 (МИА) - Факултетот за безбедност – Скопје денеска ќе организира тркалезна маса  на тема „Криминалистички истраги за еколошки кривични дела во Република Северна Македонија”.

 Како што соопшти организаторот, целта на настанот е преку дискусија да се придонесе за подобрување на состојбите за сузбивање на еколошкиот криминалитет, зголемување на ефикасноста на криминалистичките истраги, зајакнување на капацитетите во полицијата, обвинителството и судството, да се  согледаат одредени недостатоци и да се посочат евентуални предлози за подобрување на актуелната состојба.

Тркалезната маса ќе почне со обраќања на проректорот на Универзитет Св. „Климент Охридски“- Битола, проф д-р Јове Талевски, и деканот на Факултетот за безбедност – проф. д-р Никола Дујовски. хс/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан