• сабота, 06 јули 2024

Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи

Променливо облачно и сончево,  попладне услови за дожд и грмежи

Скопје, 13 мај 2023 (МИА) -  Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Остани поврзан