• понеделник, 15 декември 2025

Општина Битола ќе ги обесштети земјоделците чии парцели се оштетени од ниските температури

Општина Битола ќе ги обесштети земјоделците чии парцели се оштетени од ниските температури

Битола, 11 април 2025 (МИА) - Општина Битола ќе изврши обесштетување на земјоделците чии парцели се оштетени од снегот и ниските температури кои ја зафатија општината во периодот од 5 до 8 април годинава.

- Обесштетување ќе се врши доколку се предизвикани штети кај овошките и другите земјоделски култури, соопштија од Општина Битола.

Барања за надомест на штета со поднесување на имотен лист, доказ за сопственост и фотографии од претрпената штета ќе се примаат до 23 април, нагласија од локалната самоуправа. мт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан