• понеделник, 15 декември 2025

Во Градско собрани 200 крвни единици

Во Градско собрани 200 крвни единици

Велес ,14 декември 2025 (МИА) – Во акција за доброволно дарување крв во Градско денеска беа дарувани 200 крвни единици од жители на Градско и другите населени места во општината. Оваа трета крводарителска акција во Градско во 2025 година  ја организира Општинската организација на Црвен крст Велес преку свои волонтери во соработка со Основната организација на Црвен крст Градско и медицинска екипа на Институтот за трансфузуина медицина од Скопје.

Орце Николов, секретар на ООЦК Велес изјави дека ова е една од најмасовните акции во Општина Градско, а денеска меѓу крводарителите 15 - мина првпат дарувале крв и влегле во Друштвото на хуманите.

Со акцијата денеска раководеле двајцата искусни лекари Ефтим Димитровски и Горан Андонов.

Акцијата е веќе традиционална и е по повод Денот на Општина Градско - 16 Декември. ад/мд/

Фото: Црвен крст 

Остани поврзан