• вторник, 02 јули 2024

Нови инфраструктурни проекти во Општина Ресен

Нови инфраструктурни проекти во Општина Ресен

Ресен, 27 декември 2023 (МИА) - Општина Ресен продолжи со реализација и промоција на нови инфраструктурни проекти кои се во рамки на програмата за работа на градоначалникот Јован Тозиевски и општинскиот Совет.

Од секторот за односи со јавност информираат дека новите два проекти се поврзани со населените места Перово и Долна Бела Црква.

-Градоначалникот Тозиевски изврши увид на градежните работи во населеното место Перово, каде што интензивно се работи на поставување канализациска мрежа во селото. Проектот се реализира на барање на населението кое долги години се соочува со овој инфрструктурен проблем. На барање на најмладите и нивните родители, општината постави и промовира нов детски парк со реквизити за забава и рекреација на децата кои живеат во Долна Бела Црква, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Во пресрет на новогодишно-божиќните празници, Општина Ресен во домот на културата „Драги Тозија“, во петок организира свечена програма во која ќе учествуваат дечињата од детската градинка „11-ти Септември“, ученици од основните училишта и членови на драмското студио „Престиж“ од Ресен. мт/сст/

Фото: Општина Ресен

Остани поврзан