• четврток, 18 декември 2025

На плоштадот кај Чинарот во Охрид утре традиционалниот Велигденски базар

На плоштадот кај Чинарот во Охрид утре традиционалниот Велигденски базар

Охрид, 16 април 2025 (МИА) – Општина Охрид и Јавното претпријатие „Градски пазар“ и оваа година го организираат традиционалниот„Велигденски базар“, настан со забавна содржина и хуманитарен предзнак.

На базарот предвиден да се одржува од утре од 11 часот на Плоштадот „Крушевкса Република“ кај Стариот чинар, најавено е учество на охридски занаетчии, производители на домашна традиционална храна и трговци кои продаваат велигденски украси.

На базарот ќе бидат изложени и креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, на ученици од општинските основни и средни училишта, на младите од Младинскиот центар и волонтерите на Оопштинската организација на Црвениот Крст.

Во духот на најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден финансиските средства што ше бидат собрани на манифестацијата ќе бидат донирани во хуманитарни цели. аб/цр

фото:МИА

Остани поврзан