Унгарскиот амбасадор Андраш Клајн во посета на Бигорскиот манастир, донираше 20 книжевни изданија
- Во посета на Бигорската свештена обител, денеска престојуваше амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од својот соработник, Ерик Вангел.
Дебар, 17 декември 2025 (МИА) - Во посета на Бигорската свештена обител, денеска престојуваше амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од својот соработник, Ерик Вангел.
Во оваа пригода, амбасадорот Клајн ѝ подари на Бигорската книгохранителница дваесетина вредни книжевни изданија, како донација од Министерството за надворешни работи на Унгарија.

- Со оваа благородна дарба нашата библиотека е збогатена со наслови посветени на унгарската историја, култура и црковно наследство, информираа од Бигорската свештена обидел.
Амбасадорот Андраш Клајн и неговиот соработник Вангел беа пречекани од архимандрит Доситеј и архимандрит Кирил кои им изразија искрена благодарност за вниманието, почитта и поддршката кон духовното и културното наследство што го чува и негува Бигорската обител.
- Оваа посета претставува уште еден значаен чекор во зајакнувањето на културните и духовните врски меѓу народите, како и во унапредувањето на меѓусебното разбирање и соработка преку книгата и просветата, посочуваат од Бигорската свештена обител. вт/лв/
Фото: Бигорски манастир