Нацева: Во буџетот за 2026 предвидуваме субвенции за чистење оџаци на индивидуални станбени објекти
- Во буџетот за 2026 година предвидуваме финансии за субвенционирање на чистење на оџаци на индивидуални станбени објекти за да нема пожари, информираше попладнево градоначалничката на Неготино Марија Нацева на нејзината Фејсбук страница.
Неготино, 17 декември 2025 (МИА) - Во буџетот за 2026 година предвидуваме финансии за субвенционирање на чистење на оџаци на индивидуални станбени објекти за да нема пожари, информираше попладнево градоначалничката на Неготино Марија Нацева на нејзината Фејсбук страница.
Таа сподели дека извршиле посета на опожарениот објект - куќа во Општина Неготино.

- Вчера на територијата на Општината изби пожар во куќа, каде што за среќа немаше повредени благодарение на брзата реакција на ТППЕ Неготино. Се со цел спречување на вакви пожари, ние како Општина во програмата за Заштита на животна средина и буџетот за 2026 година, предвидуваме финансиски средства за субвенционирање на чистење на оџаци на индивидуални станбени објекти, се со цел да не се случуваат вакви немили настани, подвлече Нацева. свд/мд/
Фото: Фејсбук на Марија Нацева