• четврток, 08 август 2024
МИА Флеш

7 август 2024

- Историски најголема откупна цена за лозарите. Производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, „вранец“ и „смедеревка“, е зголемена за 25 проценти согласно Законот за вино, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

- Трошоците на животот во јули годинава, во однос на јули лани, бележат зголемување за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %, соопшти Државниот завод за статистика.

- Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 4.428,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 91 милион евра, соопшти Народна банка.

- Ќе работиме да имаме што повеќе задоволни земјоделци. Нема да дозволиме како во минатото секоја година по 500-600 земјоделци од Тиквешијата едноставно ги нема во Регистарот на земјоделски производители. Тоа е сериозен пад, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

- Шест пожари се активни во моментов низ државава, а девет се под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во изминатите 24 часа имало 2.601 повик на 112 во ЦУК. Регистрирани биле 41 пожар, а од нив, 26 биле изгаснати.

- Хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска дејствувал на пожарот кој избувна вчера во реонот на селата Папрадиште и Ореше. Како што информира Министерството за внатрешни работи, во 11 циклуси биле исфрлени над 20 тони вода, со што биле локализирани дел од жариштата.

- Во четврток, претежно во западните делови, а во петок на повеќе места во земјава ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во петок.

– Три последователни земјотреси со јачина од 4,1 степен, 4,8 и 4,5 степени според Рихтер, беа регистрирани претпладнево во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

- Прилепскиот гимназијалец Петар Мирчески на земјава ѝ го донесе сребрениот медал од Олимпијадата по хемија што од 21 до 30 јули се одржа во Ријад, Саудиска Арабија. Целиот македонски тим на оваа Олимпијада покажа завидни резултати: Марио Ванчоски и Иван Костевски од Гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ од „Јахја Кемал“ од Скопје. Мирчески со тимот утре го очекува приемот кај претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

- Несовесни граѓани повторно уништиле урбана опрема во Куманово, информираа денеска надлежните од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“.

- Создавањето на пратеничката група Патриоти за Европа (ПФЕ) во Европскиот парламент, покажува дека унгарскиот премиер Виктор Орбан е многу помалку изолиран во ЕУ отколку што тоа се мислеше, оценува бриселскиот портал „Политико“.

-  Две лица загинаа, а неколкумина се повредени при делумно уривање на хотел во западниот германски град Кров, на реката Мозел. Според полицијата, под урнатините има уште тројца сериозно повредени, јави ДПА.

- Русија денеска оцени дека Украина отвора „втор фронт“ во Африка откако Мали го обвини Киев дека им помогнал на сепаратистичките бунтовници да организираат смртносен напад минатиот месец и ги прекина дипломатските односи.

- Канцеларијата за управување со итни случаи во Њујорк наместо на сирени, сега се потпира на висока технологија и користи дронови за да ги предупреди жителите на потенцијална опасност поради лошите временски услови.

– Шпанските атлетичари Алваро Мартин и Марија Перез станаа олимписки шампиони во брзо одење штафета во мешани двојки на Игрите во Париз. Тандемот го помина растојанието од 42,195 километри за 2 часа 50 минути и 31 секунда.

- Винеш Фогат од Индија е дисквалификувана по пласманот во финалето борење слободен стил на Олимпијадата во Париз. Фогат која се натпреваруваше во категоријата до 50 килограми, при мерењето на телесната маса беше 100 грама потешка од дозволеното за нејзината категорија.

Тагови

Остани поврзан