• среда, 28 август 2024
МИА Радио флеш

27 август 2024

Скопје- Премиерот Христијан Мицкоски денеска обелодени дека врз него имало обид за поткуп за Коридорот 8, за како претседател на Владата да ја прифати тендерската документација што истекува на 17 септември. Мицкоски не прецизираше кој стои зад поткупот, само кажа дека „се знае како оди тоа, преку канали за комуникација“. За ова ги известил партнерите од ЕУ со кои имал состанок, а тие, рече, со разбирање ги прифатиле аргументите. Дијалогот со бугарската страна, информира Мицкоски, ќе се одвива во Брисел, на високо ниво, а процесот ќе го фасилитира Европската комисија.

Според Мицкоски, за обидот за поткуп се информирани сите надлежни институции.

- Лично кажувам, пред целата македонска јавност, дека за Коридорот 8, секцијата 3, пругата, врз мене имаше обид да ми биде понуден поткуп со што јас како премиер би потпишал прифаќање на оваа тендерска документација што истекува на 17 септември. Затоа кажав дека се додека сум премиер, нема да го прифатам овој тендер. Завршија времињата на таков тип комуникација со претседателот на Владата, можеби со некои други имало така, со овој нема така. Сите институции кои треба да бидат информирани, се информирани. Нормално дека тоа не оди транспарентно и со докази, преку документ. Се знае дека тоа е канал за комуникација, но сум доволно искусен за да предвидам дека целта на соговорникот е таа за која зборував, потенцира Мицкоски.

Скопје - Иницијативата Отворен Балкан има многу недостатоци и не е комплетна. Нема побрз проток на луѓе и стоки од тоа кога ќе ги немаме границите кои за жал постојат денеска и за кои за жал сеуште спориме каде се наоѓаат во регионот, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски рече дека секоја регионална иницијатива што може да додаде вредност е добра, но оти работите мора да се гледаат реално.

- Ако веќе имаме таков тип на иницијатива, тогаш таа треба да е комплетна, а вака како што е, не е комплетна. На крајот од денот, целта на сите држави од регионот е членство во рамки на ЕУ, нема побрз проток на луѓе и стоки од тоа кога ќе ги немаме границите кои за жал постојат денеска и за кои за жал  уште денеска спориме каде се наоѓаат  во регионот, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата. 

Прашан да го дообјасни вчера изнесениот став за обиди за дестабилизација во државава, Мицкоски повтори дека граѓаните треба да останат мирни на провокациите и фокусот да остане на развојот, инвестициите и градењето.

Скопје - Иницијативата Отворен Балкан има многу недостатоци и не е комплетна. Нема побрз проток на луѓе и стоки од тоа кога ќе ги немаме границите кои за жал постојат денеска и за кои за жал сеуште спориме каде се наоѓаат во регионот, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски рече дека секоја регионална иницијатива што може да додаде вредност е добра, но оти работите мора да се гледаат реално.

- Ако веќе имаме таков тип на иницијатива, тогаш таа треба да е комплетна, а вака како што е, не е комплетна. На крајот од денот, целта на сите држави од регионот е членство во рамки на ЕУ, нема побрз проток на луѓе и стоки од тоа кога ќе ги немаме границите кои за жал постојат денеска и за кои за жал  уште денеска спориме каде се наоѓаат  во регионот, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата. 

Прашан да го дообјасни вчера изнесениот став за обиди за дестабилизација во државава, Мицкоски повтори дека граѓаните треба да останат мирни на провокациите и фокусот да остане на развојот, инвестициите и градењето.

Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска изјави дека интерпелацијата за него не е политички издржана. Осврнувајќи се на неколкуте забелешки и медиумски написи во изминатиот период, но и тврдења во самото барање за интерпелација, рече дека не направил никаква повреда на секуларноста, како и дека не побарал од никого да бидат прекршени меѓународните или домашните закони. Негова цел како претседател, како што рече, е да ја промени перцепцијата дека Собранието е машина за гласање, како и дека пратениците ќе бараат одговори и одговорност од министрите и од функционерите и дека ќе има поголема соработка со граѓанскиот сектор.  

- Поднесена е интерпелацијата. Веднаш на првата седница ја ставивме, тоа ќе биде прва точка. Мене ми е мило што ќе се расправа и ќе и се објаснат на јавноста наводите што се поднесени во таа интерпелација. Се што е во рамки на Деловникот и во рамки на демократичноста во Собранието, го почитувам, било тоа да се однесува на институцијата претседател на Собранието или на било кого. Ќе бидеме отворени кон секоја иницијатива, ќе го почитуваме Деловникот и се надевам дека на 3 септември ќе има соочување на аргументи и потоа пленумот ќе одлучи. Како ќе одлучат тие, така ќе постапиме. Верувам дека мнозинството ќе ја донесе најправедната одлука. Таа каква и да биде, ќе ја почитувам, рече Гаши.

Скопје - Добро е да имаме еден силен стабилен политички субјект кај Албанците кој ќе ги претставува достојно и долгорочно, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши за идејата коалицијата „Вреди“ да се обедини во една политичка партија. Гаши, кој е поранешен лидер и основач на Алтернатива, не кажа конкретно кога би се случило ова обединување. 

- Мислам дека треба оваа коалиција да прерасне во хомогена структура и ќе ги претставува Албанците достојно и подолгорочно и мислам дека граѓаните треба да имаат и да гледаат стабилност во една политичка структура. Друго е кога е коалиција, друго е кога е политички субјект. Битно е дека во овој процес сега после изборите се работи на хомогенизирање на структурите, рече Гаши.

Идејата, според него, било тоа да биде постепено и природно да тече. - Да не биде тоа административно и да не биде насилно. Ќе гледаме тоа да биде преку заеднички комисии, заеднички тела, претседателство..., рече Гаши.

Скопје- Евалуација на 20 дисциплински постапки, каде е донесена одлука за изрекување дисциплинска мерка или одлука за разрешување судија или претседател на суд согласно Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, донесен во 2019 година ќе биде направена во рамки на проектот „Независност преку отчетност - следење и проверка на судската одговорност во Северна Македонија“,  финансиран од страна на Британската амбасада, а спроведуван од Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“.

Програмски координатор во Коалицијата „Сите за правично судење“ Ивана Петковска, на промоцијата на проектот, најави дека анализата ќе биде објавена во март 2025 година, посочувајќи дека ќе се следи и процесниот дел, во смисла на тоа, колку е почитувана Европската конвенција за човекови права од аспект на начелото на фер и правично судење.  

Дарко Аврамовски, извршен директор на „Сите за правично судење“, се осврна на тоа од каде добиле инспирација за овој проект, чие времетраење е од јуни 2024 до март 2025 година.

Тирана - Првиот вицепремиер на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествувал на конференција на амбасадори во Тирана, организирана од Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, на која биле присутни албански политичари од земјите на регионот.

- За време на панелот на тема „Албанскиот простор во геополитиката на регионот“, првиот вицепремиер Меџити ги сподели своите видувања за последните случувања на политичката сцена на Северна Македонија, при што ја истакна важноста на долгоочекуваната промена што ја донесе создавањето на владата без ДУИ, партија која 22 години ја монополизираше албанската политика, а македонските партии постојано се менуваа, нагласувајќи дека ДУИ ја задуши политичката сцена и го попречувала секој обид за позитивни промени за Албанците, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Меџити рекол дека европската интеграција останува апсолутен приоритет на коалицијата и ја изразил својата посветеност и подготвеност да гласа за уставните измени во секој момент.

Скопје - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје обезбеди над 290 стипендии за сите факултети за новите студенти на прв циклус студии и 720 половични стипендии за студенти од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кои родителското право го врши само еден родител.

Како што информира денеска УКИМ, целта е унапредување на образованието на младите во земјава и отворање нови можности за нив.

- УКИМ ќе додели 240 стипендии, кои се распоредени по 10 стипендии за секој факултет. На овој начин сакаме да ги мотивираме идните студенти да се посветат на студиите, како и да ги олесниме финансиските трошоци за образование на нивните семејства, соопштија од Универзитетот.

Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ја посети Националната установа НУБ „Св. Климент Охридски“, при што најави дека дека следната година ќе бидат одобрени средства за реновирање на третиот и петтиот блок во оваа установа. Потоа, потенцираше дека ќе има повеќе инвестиции, меѓу кои санација на фасадните површини, а во употреба ќе се стави и новиот дел на зградата, каде се планира да биде отворена мултимедијална читална.

Љутков за време на посетата оствари средба со в. д. директорот на установата Јовица Никчевски. 

- Она што можев да видам е дека во 2022 година е направена интервенција и реновирање на кровот. Од петте блока, реновирани се првиот, вториот и четвртиот блок. Бидејќи тогаш се немало слух за да се реновираат овие ситуации, под притисок на јавноста и на медиумите се одобрени средства во 2022 година за реновирање на трите блока. Но за жал, од тогаш до сега, блоковите три и пет се останати во истата ситуација. Во наредната 2025 година полека ќе одобриме средства во буџетот за реновирање на третиот и петтиот блок, рече Љутков.

Белград - Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, во изјава објавена на веб-страницата на неговото Социјалистичко движење, напиша дека како министер за полиција и директор на тајната служба -БИА, „по закон и совест направил списоци на оние кои не се добредојдени. во Србија“, додавајќи дека жали што не им се посветил повеќе, јави дописникот на МИА од Белград.

-Списоците ги направив јас, како министер за полиција и директор на БИА по закон и совест и жалам што не им се посветив повеќе, бидејќи гледам колку ѓубриња се неправедно заборавени. Александар Вучиќ не беше прашан за тоа, ниту требаше да биде прашан, се наведува во изјавата на Вулин во врска со хрватската пејачка Северина која беше задржана на граница со Србија.

Киев– Украина ја продолжува офанзивата врз руската територија Курск, изјави главниот воен командант на Киев, генерал Олександр Сирски.

Тој посочи дека украинските сили контролираат 1.294 квадратни километри руска територија и сто населби, а заробиле 594 руски војници.

Генерал Сирски истакна дека една од целите на украинската инвазија врз Курск беше „повлекување на значителен број непријателски трупи од другите подрачја“ како што се Покровск и Куракхова во Донбас, и оти успешно е постигната таа цел.

Русија е свесна за таа цел и ги концентрира своите најподготвени единици во подрачјето на Покравск, истакна генерал Сирски.

Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина успешно ја тестирала својата прва домашна балистичка ракета.

- Можеби е прерано да се зборува за тоа, но сакам тоа да го споделам со Вас, истакна Зеленски на Форумот за независност на Украина 2024 што се одржува во Киев.

Тој им честиташе на украинската одбранбена индустрија на проектот, но не откри детали за ракетата. 

Техеран - Иранскиот врховен верски лидер Али Хамнеи денеска изјави дека ја остава отворена можноста за обновување на преговорите со САД во врска со забрзаната иранска нуклеарна програма, порачувајќи ѝ на иранската Влада дека „нема пречка за влегување во преговори со непријателот“.

Изјавите на Хамнеи поставуваат јасни црвени линии за какви било преговори што се одвиваат под покровителство на владата на реформистичкиот претседател Масуд Пезешкијан, со постојано предупредување дека „не може да и се верува на Америка“, пренесуваат светските агенции.

Последните коментари на иранскиот ајатолах може да се споредат со оние од 2015 година кога Иран постигна нуклеарен договор со светските сили што резултираше со ограничување на нуклеарната програма на Техеран во замена за укинување на економските санкции.

Остани поврзан